УТРО.мк

Водечка туристичка компанија во Хрватска нуди плата до 2.700 евра и бројни бенефиции

Водечка туристичка компанија во Хрватска нуди плата до 2.700 евра и бројни бенефиции
Vero

Валамар, најголемата туристичка компанија во Хрватска, објави оглас за вработување на голем број работници за новиот луксузен комплекс Pical Resort 5* во Пореч – најголем туристички проект во земјата, вреден 200 милиони евра.

Компанијата бара кадар за водителски и стручни позиции како што се рецепционери, бармени, готвачи, келнери и други, со плати од 1.200 до 2.100 евра, а во сезонскиот врв и до 2.700 евра. За помошни позиции – собарки, помошни готвачи и сервири – платите се движат од 1.100 до 1.700 евра.

Вработените добиваат сместување во објектот „Куќа Валамар“, топли оброци, бонуси низ годината (вклучително и 13-та плата и божиќница), надомест за кирија до 500 евра, регрес, подарок за дете, како и до 400 евра за вработени кои живеат во истата дестинација.

Дополнително, вработените имаат можности за професионален развој, обуки за врвна услуга и попусти: 30% во рестораните и баровите на Валамар, поволности за сместување во нивните хотели и кампови низ Истра, Дубровник, Раб, Крк, Хвар, Макарска, Рабац, но и на ски-локацијата во Австрија – Обертауерн.

Во екот на сезоната, Валамар планира да вработи повеќе од 8.500 лица низ сите свои дестинации. Отворените позиции се достапни на официјалната страница „Добар посао у Валамару“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран