УТРО.мк

Ребалансот изгласан: Коњановски најавува ново училиште, сали, игралишта и паркинзи во Битола

Ребалансот изгласан: Коњановски најавува ново училиште, сали, игралишта и паркинзи во Битола
Vero

Советот на Општина Битола го изгласа ребалансот на буџетот, со што се отвора пат за серија капитални инвестиции во образованието, спортот, урбаниот развој и квалитетот на живот на граѓаните.

Градоначалникот Тони Коњановски упати јавна благодарност до советниците кои го поддржаа ребалансот и најави дека следуваат конкретни проекти со вкупна вредност од неколку стотици милиони денари.

Во образованието и спортот, ќе се изградат три нови спортски сали во основните училишта „Стив Наумов“, „Тодор Ангелевски“ и подрачното училиште во Долно Оризари, со вредност од 144 милиони денари.

Дополнително, ќе се реконструираат или изградат девет училишни игралишта во различни училишта низ градот, за што се издвоени 112 милиони денари, како и две јавни игралишта во населбите Стрелиште и Брусничка, со вредност од 28 милиони денари.

Во делот на урбаниот развој, се предвидува изградба на шест нови паркинзи на повеќе локации, што ќе овозможи над 150 нови паркинг места, со инвестиција од 30 милиони денари.

Буџетот предвидува и пренамена на постоечки објект во Буковски ливади во основно училиште (30 милиони денари), како и изградба на нова атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“ во вредност од 77 милиони денари.

„Инвестициите не смеат и нема да застанат. Битола оди напред“, порача Коњановски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран