Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека уапсила две жени осомничени како агентки на Русија, кои наводно работеле на подготвување терористички напади на територијата на Украина.
Според соопштението, двете биле веќе осудувани и биле мотивирани од желбата за „лесна заработка“. Истражителите тврдат дека тие имале јасна задача: идентификација и шпионирање на потенцијални цели – украински воени и државни функционери.
„За да ги подготват нападите, агентките се ‘разделиле’: едната останала во Полтава и почнала да ги следи местата на работа и живеење на потенцијални ‘мети’, додека другата заминала за Днипро со иста задача“, се вели во извештајот на СБУ.
Истражната постапка е во тек, а украинските власти најавуваат дополнителни детали во наредните денови.