УТРО.мк

Уапсен скопјанец со меѓународна потерница во Албанија – обвинет за тешки кривични дела во Австрија

Уапсен скопјанец со меѓународна потерница во Албанија – обвинет за тешки кривични дела во Австрија
Vero

Албанската полиција, во рамки на акцијата „Операција 54“, уапси македонски државјанин со иницијали М.А. (41) од Скопје, по меѓународна потерница издадена од австриските власти. Лицето се товари за сериозни кривични дела во Австрија, меѓу кои трговија со дрога, опасна закана, тешка изнуда и телесна повреда.

Според соопштението од албанската полиција, М.А. бил баран со потерница од Јавното обвинителство во Инсбрук, Австрија, а дирекцијата на специјалните полициски сили успеала да го лоцира и уапси. При неговото приведување бил извршен претрес, при што е пронајдена и запленета марихуана која ќе се користи како доказ во истрагата.

За делата за кои се товари, австрискиот Кривичен законик предвидува казна затвор до 20 години. Во моментов, Интерпол Тирана ги продолжува постапките за негова екстрадиција во соработка со австриските власти.

Ова е втор случај на апсење на македонски државјанин во Албанија овој месец. На 6 јули, на граничниот премин „Ќафасан“, беше уапсен А.А. (34) од Кичево, исто така по меѓународна потерница издадена од Интерпол Берн. Тој е осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран