УТРО.мк

Лавров: Американските нуклеарни бомбардери ја загрозуваат стабилноста на целиот регион

Лавров: Американските нуклеарни бомбардери ја загрозуваат стабилноста на целиот регион
Vero

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, остро ја осуди зголемената воена активност на САД и нивните сојузници околу Корејскиот Полуостров, предупредувајќи дека ваквите потези сериозно ја загрозуваат безбедноста во целиот регион на североисточна Азија.

Говорејќи за време на неговата посета на севернокорејскиот град Вонсан, Лавров ја истакна опасноста од заедничките воени вежби што ги спроведуваат САД, Јужна Кореја и Јапонија, особено оние што, според него, вклучуваат и „нуклеарна компонента“.

– Таквите активности не придонесуваат за мир и стабилност, не само на Корејскиот Полуостров, туку и во поширокиот регион. Тоа се опасни обиди за ширење на НАТО инфраструктурата и создавање исклучиви сојузи од надворешни актери во Индо-Пацификот – рече Лавров.

Тој изрази сомнеж во искреноста на официјален Сеул во однос на подобрувањето на односите со Пјонгјанг, и подвлече дека Русија и Северна Кореја стојат цврсто зад концептот на „еднаква и неделива безбедност“ за сите земји во Евроазија.

Во текот на неделата, САД заедно со Јапонија и Јужна Кореја спроведоа заеднички вежби, во кои беа вклучени и американски бомбардери од типот B-52H, кои можат да носат нуклеарно оружје. Трите земји ја обвинија Северна Кореја за „нелегални активности што ја дестабилизираат ситуацијата на Полуостровот“.

Во својот говор, Лавров им се заблагодари на севернокорејските војници за, како што рече, нивната херојска улога во одбраната на руската Курска област, каде што, според него, биле одбиени украинските сили благодарение на соработката меѓу Москва и Пјонгјанг.

– Нашата соработка претставува непобедливо братство меѓу нашите народи – изјави Лавров.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран