УТРО.мк

Трагедија во Атина, повредени 12 лица

Трагедија во Атина, повредени 12 лица
Vero

Дванаесет лица се полесно повредени откако доцна синоќа паркиран џип, најверојатно поради неактивирана рачна сопирачка, се придвижил во рикверц и удрил во летната тераса на ресторан во центарот на Атина, јавува дописничката на МИА од Грција.

Инцидентот се случил околу еден час по полноќ, кога во ресторанот имало околу триесетина гости. Според информациите, возачот на џипот пристигнал пред локалот и побарал од вработен во паркинг-службата да го паркира возилото. Се претпоставува дека токму тој не ја подигнал рачната сопирачка.

Возилото, кое било паркирано на нагорнина во близина на ресторанот, почнало неконтролирано да се движи наназад и удрило директно во летната тераса полна со гости. За среќа, сите повредени се здобиле со полесни повреди и биле веднаш пренесени во болница.

Грчката полиција работи на целосно расветлување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран