УТРО.мк

Ганиу потпиша договор за реконструкција на стадионот во Чаир: Нов терен со вештачка трева и модерна инфраструктура

Ганиу потпиша договор за реконструкција на стадионот во Чаир: Нов терен со вештачка трева и модерна инфраструктура
Vero

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска го потпиша договорот со компанијата „Флуид Проект“ за реконструкција на општинскиот стадион – инвестиција која ќе донесе значајно унапредување на спортската инфраструктура во општината.

Проектот предвидува поставување на вештачка трева од најнова генерација, сертифицирана според меѓународни стандарди. Освен новиот терен, реконструкцијата вклучува и модернизација на придружната инфраструктура – осветлување, дренажен систем, како и дополнителни елементи за безбедност и функционалност кои ќе придонесат за подобро искуство на спортистите и гледачите.

„Работите се очекува да завршат во рок од 45 до 60 дена, со што ќе обезбедиме современи услови за младите и спортистите во Чаир, токму пред почетокот на новата спортска сезона,“ изјави градоначалникот Ганиу.

Со оваа инвестиција, Чаир добива стадион достоен за современи спортски натпревари и тренинзи, што е дел од пошироката стратегија за развој на спортот и активен живот во општината.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран