УТРО.мк

Делови од Центар и Карпош утре ќе бидат без електрична енергија

Делови од Центар и Карпош утре ќе бидат без електрична енергија
Vero

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (6 март) делови од општините Центар и Карпош ќе останат без електрична енергија.

Во општина Центар, без струја ќе бидат корисниците од делови на улиците „Мирослав Крлежа“, „Наум Наумовски Борче“, „Антоние Грубишиќ“ и „Орце Николов“. Прекинот е најавен во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Во општина Карпош, пак, прекин на снабдувањето со електрична енергија ќе има кај корисниците на улицата „Миле Поп Јорданов“, во близина на хотел „Гранит“. Таму прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот.

Надлежните апелираат до граѓаните за разбирање додека траат планираните активности за одржување и подобрување на електродистрибутивната мрежа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран