
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе се вклучи во процесот на избор на новиот врховен лидер на Иран по смртта на сегашниот лидер Али Хамнеи во нападите на САД и Израел.
Иранските власти најавуваат наскоро објавување на наследникот на Хамнеи, при што неговиот син Моџтаба Хамнеи е главен кандидат за позицијата.
Во интервју за Аксиос, Трамп рече дека не може да прифати наследник кој би ја продолжил политиката на Али Хамнеи, бидејќи тоа би можело да доведе до нов конфликт во регионот за пет години. „Синот на Хамнеи е неприфатлив за мене. Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран“, додаде Трамп.























