УТРО.мк

ВИДЕО: Иранска ракета ја погоди нафтената рафинерија во Бахреин

ВИДЕО: Иранска ракета ја погоди нафтената рафинерија во Бахреин
Vero

Иранска ракета денеска ја погоди државната нафтена рафинерија во Бахреин, но објектот продолжил со работа откако пожарот што избувнал по ударот бил изгаснат, соопштија властите во земјата.

Во текот на попладнето низ Бахреин се огласиле сирени за тревога, додека Министерството за одбрана информираше дека од почетокот на војната во саботата досега биле пресретнати 75 ирански балистички ракети и 124 беспилотни летала.

Иран во текот на денот започнал нов бран напади насочени кон Израел, американски воени бази и повеќе земји во регионот на Блискиот Исток. Од Техеран предупредија дека САД „горчливо ќе жалат“ за потопувањето на ирански воен брод во Индискиот Океан.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ја обвини американската морнарица дека извршила „злосторство на море“ со потопувањето на иранската фрегата „Ирис Дена“, при што загинале најмалку 87 членови на екипажот.

Конфликтот меѓу Иран и неговите противници продолжува да се интензивира и влезе во шестиот ден, при што според извештаите, судирите досега погодиле 14 земји во регионот на Блискиот Исток и пошироко.

https://x.com/bricsinfo/status/2029596074633998635?s=46&t=vTyGSpkk2_wOQuFz-saisg

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран