УТРО.мк

Делови од Тетово и Општина Брвеница утре без струја

Делови од Тетово и Општина Брвеница утре без струја
Vero

Делови од Тетово и населените места во Општина Брвеница утре (6 март) ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.

Според најавите, од 08:45 до 11:00 часот без струја ќе бидат населеното место Челопек, како и објектите кои се наоѓаат на патот кон селото Радиовце.

Во истиот термин, од 08:45 до 11:00 часот, прекин на електричната енергија ќе има и во селото Брвеница.

Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат делови од Тетово, поточно улицата „Штипска“, како и дел од селото Брвеница на влезот од градот.

Планирани прекини се најавени и во селото Ларце, каде дел од населеното место ќе биде без струја од 09:30 до 14:00 часот, како и во дел од селото Теарце, каде прекинот ќе трае од 09:30 до 14:30 часот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран