УТРО.мк

Јовановски осомничен за повеќе кривични дела, 48-часовен притвор продолжен

Јовановски осомничен за повеќе кривични дела, 48-часовен притвор продолжен
Vero

Основното јавно обвинителство во Скопје успеа го продолжи притворот за 48 часа на Стојанче Јовановски, мажот од Карпош кој е осомничен во трагедијата каде неговата сопруга и нивното 6‑годишно дете си ги одзедоа животите, скокајќи од балкон. По нови докази и претстојни вештачења, обвинителите оцениле дека е неопходно дополнително време за истражни дејства.

Како што информираат од обвинителството, продолжувањето е предложено откако се наредени вештачења на три мобилни телефони и други предмети поврзани со случајот. Паралелно, анализираат видео снимки од повеќе локации кои можат да бидат клучни за расчистување на случувањата, а собираат и целосна документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство што го оптоварувале односот меѓу Јовановски и починатата жена.

Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека покрај наведените активности, се преземаат и други важни истражни дејства со цел конечно утврдување на фактите и докажување на кривичните дела за кои Јовановски е сомничен.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран