
Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (5 март 2026 година) делови од Скопје ќе останат без електрична енергија во одредени временски интервали.
Во периодот од 10:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите на улица „Дрезденска“ број 5 и на улица „Панче Пешев“ во населбата Горно Нерези.
Дополнително, од 09:00 до 14:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и дел од корисниците во Горно Нерези, во општина Карпош.























