
Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (04.03.2026) без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје.
Во општина Карпош, од 08:30 до 11:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Козле“ позади Реплек. Исто така, од 09:00 до 15:00 часот прекин ќе има за корисниците од с. Крушопек, Горно Нерези и кај предавателот Водно, како и во населбата Космофон Водно.
Во населбата Драчево, од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улица „Малешевска“ (непарни броеви).
Планиран прекин е најавен и во Батинци во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Во Чучер-Сандево, од 09:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улица 1.























