УТРО.мк

Смртна сообраќајна несреќа: автомобил „БМВ“ излетал од коловозот кај Мирковци

Смртна сообраќајна несреќа: автомобил „БМВ“ излетал од коловозот кај Мирковци
Vero

Во 15:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучка Мирковци, патничко моторно возило излетало од коловозот.

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 15:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило излетало од коловозот.

Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека станува збор за патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран