УТРО.мк

Мадрид со порака до Вашингтон: Трговските односи мора да се темелат на право и меѓусебна почит

Мадрид со порака до Вашингтон: Трговските односи мора да се темелат на право и меѓусебна почит
Vero

Шпанската влада реагираше на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за можен прекин на трговските односи, истакнувајќи дека секое евентуално преиспитување на економската соработка мора да биде во согласност со меѓународното право и постојните договори.

Во официјално соопштение објавено од RTVE, властите во Мадрид нагласија дека доколку Вашингтон одлучи да ги ревидира трговските односи, тоа треба да го направи со почитување на автономијата на приватните компании, како и на билатералните договори меѓу Европската Унија и САД.

Шпанската влада воедно ја бранеше својата позиција во рамки на НАТО, посочувајќи дека Шпанија е клучна членка која ги исполнува преземените обврски и значително придонесува за одбраната на европската територија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран