
Драматично видео кружи на социјалната мрежата X кое го прикажува денешниот жесток ракетен напад врз Тел Авив. На снимката се гледаат десетици проектили и пресретнувачи како го сечат воздушниот простор на небото пред да паднат врз густото населено подрачје во градот, по што следуваат силни експлозии и облаци од густ чад.
Според објавата, станува збор за балистички напад во услови на тотална ескалација на конфликтот во Блискиот Исгок каде сирените за воздушна опасност се активирани, а противракетната одбрана “Железна купола” дејствува скромно над централниот дел на Израел.
Иако на социјалните мрежи се појавија тврдења дека „Израел гори“, ваквите квалификации можеби се претерани. Сепак, видеото прикажува сериозен ракетен напад, драматични сцени и моменти на страв меѓу граѓаните кои во тие секунди сведочеле на ракетен дожд над градот.























