
ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека денеска жителите на дел од општина Центар можат да очекуваат прекин на водоснабдувањето. Причина е дефект на водоводна цевка со пречник од 2 цола, кој се појави на улицата Св. Кирил и Методија 38, на паркингот кај Трготекстил. Екипите се на терен и работат на санирање на дефектот, а водата ќе биде повторно достапна веднаш штом проблемот биде отстранет.























