
Мечка загинала откако во неа удрило патничко возило на автопатот Скопје–Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата била пријавена на 23 октомври, околу 22:15 часот, во СВР Скопје. Во животното удрило „волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Џ.Д. од Гостивар.
На местото излегол ветеринар од Зоолошката градина во Скопје, кој констатирал смрт кај мечката.
Увид извршила екипа на СВР Скопје.























