
На 53-годишна возраст денеска, 24 октомври, почина Маја Перовска, долгогодишна професорка по македонски јазик во Регионалниот центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.
Последното испраќање ќе се одржи утре, 25 октомври, на градските гробишта во Тетово. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 11 до 12 часот.
Опелото ќе се одржи во 12 часот во црквата „Св. Димитрије“, по што ќе биде извршен погребот.























