УТРО.мк

Поголем дел од Тетово ќе остане без вода поради дефект, прекинот се очекува да трае околу два часа

Поголем дел од Тетово ќе остане без вода поради дефект, прекинот се очекува да трае околу два часа
Vero

Поради поголем дефект на водоводната мрежа, поголем дел од Тетово ќе остане привремено без вода, информираат од ЈКП „Шар“ – Тетово.

Според известувањето, прекинот се очекува да трае околу два часа. Екипите на претпријатието ќе работат на отстранување на дефектот и повторно воспоставување на редовното водоснабдување.

По завршувањето на интервенцијата, снабдувањето со вода постепено ќе се нормализира.

Од ЈКП „Шар“ ги повикуваат граѓаните на разбирање и трпение. Во известувањето не се наведени конкретните улици и населби што ќе бидат опфатени со прекинот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран