УТРО.мк

Зошто водата во Тетово повремено има специфичен мирис? Објаснување од ЈКП „Шар“

Зошто водата во Тетово повремено има специфичен мирис? Објаснување од ЈКП „Шар“
Vero

Лабораториските анализи и редовното следење од Центарот за јавно здравје – Тетово потврдуваат дека анализираните примероци вода ги исполнуваат пропишаните критериуми за вода за пиење, соопшти ЈКП „Шар“ – Тетово.

Од претпријатието објаснуваат дека во есенскиот период, особено по дождовите и опаѓањето на лисјата на Шар Планина, повремено може да се почувствува специфичен мирис на растенија.

Според нив, појавата може да биде поврзана со органски материи што се ослободуваат при разградувањето на лисјата и другиот растителен материјал, кои стигнуваат до водните извори.

„Појавата на ваков мирис не значи нужно влошување на квалитетот на водата. Нејзината безбедност се утврдува преку лабораториски анализи, а не само врз основа на мирисот или вкусот“, наведуваат од ЈКП „Шар“.

Претпријатието информира дека продолжува со следење на квалитетот на водата. Ги повикува граѓаните да пријават изразени промени во мирисот, вкусот или изгледот, со наведување на улицата или населбата каде што се забележани.

Од ЈКП „Шар“ посочуваат дека во прилог на известувањето ги објавуваат лабораториските документи и официјалното известување од Центарот за јавно здравје – Тетово.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран