
Прекинато е водоснабдувањето во населба 146 во Тетово поради прекин на електричната енергија во филтер-станицата за вода, информираат од ЈКП „Шар“ – Тетово.
Според информациите што претпријатието ги добило од ЕВН, прекинот е предизвикан од работни активности на електроенергетската мрежа и се очекува да трае од еден до два часа.
Водоснабдувањето се очекува да се нормализира по враќањето на струјата и повторното воспоставување на редовната работа на филтер-станицата.
Од ЈКП „Шар“ апелираат до жителите за разбирање и трпение додека трае привремениот прекин.























