УТРО.мк

Коњановски: Битола и Херцег Нови одбележуваат 50 години пријателство, продолжуваме да градиме мостови на соработка

Коњановски: Битола и Херцег Нови одбележуваат 50 години пријателство, продолжуваме да градиме мостови на соработка
Vero

Со потпишување Меморандум за потврдување на соработката и симболично садење дрво на пријателството, во Херцег Нови беа одбележани пет децении од збратимувањето со Битола. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Тони Коњановски, кој порача дека партнерството е основа за нови заеднички активности и поблиски врски меѓу граѓаните.

Битола и Херцег Нови официјално се збратимиле во 1976 година. Домаќинот, претседателот на Општина Херцег Нови, Стеван Катиќ, потсети дека Повелбата за пријателство била потпишана на 21 октомври пред 50 години.

Со новиот меморандум, градоначалниците и претставниците на Битола, Херцег Нови, Бања Лука, Крањ и Земун го потврдија продолжувањето на партнерските односи. Катиќ ја истакна отвореноста на Херцег Нови за културна и спортска соработка, размена на идеи и споделување добри практики.

Коњановски оцени дека потпишувањето на документот ја потврдува искрената желба за соработка во повеќе области. Тој посочи дека во изминатите години врските меѓу двата града се интензивирале преку настани и активности, со учество и на официјални делегации и на граѓани.

„Со садењето на дрвото на пријателството, подадовме рака за нашата заедничка иднина, за желбата да бидеме поблиски, да си помагаме едни на други и, пред сè, цврсто да стоиме на темелите на заедништвото, пријателството и визијата за иднината“, истакна Коњановски.

Тој нагласи дека Битола, како град со богата историја и традиција, продолжува да гради мостови на пријателство.

На потпишувањето му претходеше садење дрво на пријателството на влезот во паркот „Бока“. Свеченоста заврши со концерт со традиционални и класични композиции и преработки на светски хитови, поздравени со аплаузи и овации од публиката.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран