УТРО.мк

УЈП продава имот и возила на електронска аукција: Во понудата деловни простори и стан

УЈП продава имот и возила на електронска аукција: Во понудата деловни простори и стан
Vero

Управата за јавни приходи објави нов оглас за продажба на движен и недвижен имот преку електронска јавна аукција. Во понудата се вклучени деловни простори, дел од стан, патнички и товарни возила, како и различни видови индустриска и градежна опрема.

Според огласот број 09/2026, на продажба се нудат деловен простор од 31 квадратен метар во Прилеп, деловен простор од 108 квадратни метри во Струмица, како и идеална половина од стан со вкупна површина од 89 квадратни метри, односно 44,5 квадратни метри, во Битола.

На аукцијата ќе се продаваат и шивачки и текстилни машини, индустриска опрема, опрема за гориво, градежна механизација и вилушкари.

Заинтересираните лица што сакаат да учествуваат треба да креираат кориснички профил на официјалниот портал за електронски аукции на Управата за јавни приходи. Услов за учество е и уплата на депозит во висина од 10 проценти од утврдената вредност на предметот што се продава.

Крајниот рок за уплата на депозитот беше 15 октомври 2026 година, додека електронското јавно наддавање е закажано за 22 октомври 2026 година, од 11 до 13 часот.

Сите детали за условите за учество, предметите што се продаваат и можностите за нивен увид се достапни на официјалниот портал e-aukcii.ujp.gov.mk.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран