
Физичка пресметка меѓу пратеници од опозицијата и владејачкото мнозинство ја прекина редовната работа на албанскиот парламент во Тирана.
Amid violent protests in #Albania, opposition and ruling majority MPs physically clashed in Parliament this Thursday.#Protest https://t.co/uIHtHYi6K1— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb)October 22, 2026
Според албанските медиуми, пратеникот на Демократската партија Фидел Крека го удрил поранешниот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа со блокче за гласање. До инцидентот дошло за време на пленарната седница, која од самиот почеток била проследена со тензии.
Опозициските пратеници ја блокирале говорницата и барале политичко решение, додека траеја протестите во Тирана. За време на седницата имало туркање, фрлање предмети и нарушување на редот. Претседателот на парламентот, Нико Пелеши, продолжил со гласањето, а седницата била затворена по околу еден час.























