УТРО.мк

Апсење на автопатот Гостивар–Тетово: со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч каде што се дозволени 80

Апсење на автопатот Гостивар–Тетово: со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч каде што се дозволени 80
Vero

Четириесет и четиригодишен гостиварец е лишен од слобода откако полицијата регистрирала дека управувал „ролс-ројс“ со брзина од 194 километри на час на делница со ограничување од 80 километри на час.

Според МВР, случајот е регистриран на 23 октомври во 12:05 часот на автопатот Гостивар–Тетово. Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата ја измериле брзината со специјално полициско возило – пресретнувач.

Автомобилот со тетовски регистарски ознаки се движел со 114 километри на час над дозволената брзина.

Возачот е приведен поради сомнение за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Од МВР информираат дека се преземени соодветни мерки и против него ќе биде поведена постапка.

Министерството најавува продолжување на засилените сообраќајни контроли и апелира возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и сообраќајните правила.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран