
Дваесет и четиригодишна скопјанка пријавила дека две лица ја измамиле со ветување дека ќе му помогнат на нејзиното семејство да откупи и приватизира државно земјиште што го користело.
Според полицискиот билтен, жената се сретнала со лицата на 21 септември годинава. Едниот се претставил како вработен во Катастар, а двајцата ѝ понудиле помош за постапката.
Во неколку наврати таа му исплатила пари на лицето што се претставувало како вработен во институцијата, во вкупен износ од 117.000 денари.
Кога побарала информации за предметот во Катастар, дознала дека тој не работи таму повеќе од две години. По ова, на 22 октомври во 14 часот го пријавила случајот во СВР Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.























