
Во вторникот, на 3 март 2026 година, во просториите на Европски парламент во Брисел се одржа конференција на тема „Преразгледување на дијалогот помеѓу Европската Унија и религиите (член 17 од Договорот од Лисабон) во светло на Комуникеата на Интерпарламентарната унија (ИПУ)“.
На настанот учество зеде Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, придружуван од протојереј-ставрофор Никола Христоски.
Конференцијата беше коорганизирана од Интерпарламентарното собрание на православието и работната група на Европска народна партија (ЕПП) за меѓукултурен и религиски дијалог.























