
Во време кога тензиите на Блискиот Исток се заоструваат, прашањето за нуклеарното вооружување повторно се наметнува како една од клучните теми на глобалната безбедност. Војната реторика и обвинувањата околу иранската нуклеарна програма служат како главно оправдување за воените притисоци и операции што ги спроведуваат САД и Израел, кои тврдат дека Техеран се стреми кон развој на нуклеарно оружје.
Паралелно со овие случувања, во Европа се отвора нова дебата за зајакнување на сопствените одбранбени капацитети. Францускиот претседател, Емануел Макрон, сигнализираше промена во досегашната политика на транспарентност, најавувајќи дека Франција повеќе нема јавно да го објавува точниот број на нуклеарни боеви глави. Според неговите изјави, целта е постепено засилување на нуклеарниот потенцијал со намера да се гарантира поголема безбедност за европскиот континент.























