УТРО.мк

Пола Скопје вечерва без струја

Пола Скопје вечерва без струја
Vero

Повеќе населени места во Скопје вечерва се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија, што предизвика реакции кај граѓаните во делови од главниот град.

Според информациите објавени од ЕВН Македонија, без електрична енергија во моментов се делови од населбите Ѓорче Петров, Карпош и Автокоманда, како и населбата Маџари и нејзината околина.

Од компанијата информираат дека екипите се на терен и работат на утврдување на причините за прекинот. Засега не се соопштени точните причини, ниту кога се очекува целосно нормализирање на снабдувањето.

Надлежните најавуваат дополнителни информации во текот на ноќта.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран