УТРО.мк

ВМРО-ДПМНЕ со нови осум кандидати за градоначалници: „Одговорни и угледни луѓе за локалниот развој“

ВМРО-ДПМНЕ со нови осум кандидати за градоначалници: „Одговорни и угледни луѓе за локалниот развој“
Vero

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска утврди нова група од осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори, оценувајќи дека станува збор за докажани, угледни и ангажирани личности во своите заедници.

Како што информираше партискиот функционер Антонио Милошоски, новите кандидати се:

Жарко Ристески – кандидат за градоначалник на Македонски Брод Драганчо Саботковски – кандидат за градоначалник на Могила Тони Тоневски – кандидат за градоначалник на Пробиштип Марјан Пеев – кандидат за градоначалник на Богданци Наталија Димитриева – кандидатка за градоначалничка на Демир Капија Ѓорѓи Крстевски – кандидат за градоначалник на Росоман Стевче Стевановски – кандидат за градоначалник на Новаци Златко Силјановски – кандидат за градоначалник на Дебарца

„Сметаме дека овие осум кандидати се одговорни и исполнителни личности кои ја заслужуваат довербата на граѓаните. Тие се активни и познати во рамките на нашата коалиција, но и пошироко во самите општини, каде што уживаат голема почит и поддршка“, изјави Милошоски.

Со оваа група, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со подготовките за локалните избори, со фокус на, како што велат од партијата, „вистински промени во секоја општина, преку посветени и чесни кандидати“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран