Љубителите на бели патики добро знаат колку е тешко тие да се одржат беспрекорно чисти. Но, постои едноставен и неочекуван трик што може значително да го олесни нивното чистење – а најдобро од сè, потребниот производ речиси сигурно веќе го имате дома.
Станува збор за мицеларна вода – козметички производ кој обично се користи за отстранување шминка, но кој се покажал и како мошне ефикасен во чистење на бели обувки, вклучително и модели изработени од чувствителни материјали како што е антилоп.
Без оглед дали патиките се направени од природна кожа, еко-кожа или велур, мицеларната вода успешно ја отстранува нечистотијата без да го оштети материјалот.
Постапката е едноставна: најпрво со крпа и млака вода отстранете ја површинската нечистотија. Потоа, натопете парче памук со мицеларна вода и нежно избришете ги дамките. Резултатот? Патиките ќе добијат повторен сјај и ќе изгледаат како штотуку купени.
Овој едноставен совет е одлично решение за сите што сакаат нивните бели обувки да останат беспрекорно чисти, без употреба на скапи средства или агресивни хемикалии. Испробајте – ефектот ќе ве изненади.