УТРО.мк

Германски воз запрен поради екстремна нечистотија во вагоните

Германски воз запрен поради екстремна нечистотија во вагоните
Vero

Брз патнички воз на германската железничка компанија „Дојче бан“ бил предвреме запрен, откако персоналот проценил дека вагоните се во недозволиво валкана состојба за натамошно патување.

Инцидентот се случил во вторникот на линијата Минхен – Хамбург, а возот бил принуден да запре во Нирнберг, на околу 155 километри северно од Минхен.

– За време на рутинска проверка, утврдивме дека состојбата со хигиената во возот не ги задоволува стандардите за квалитет кои ги очекуваме од нашите долгорочни линии, изјави портпаролка на „Дојче бан“ за агенцијата ДПА.

Поради тоа, патниците биле замолени да го напуштат возот, а компанијата се извини за непријатноста.

– Жал ни е за оваа ситуација. Свесни сме за важноста на удобното и безбедно патување и очекуваме нашите возови да ги исполнуваат највисоките стандарди, додаде портпаролката, без да прецизира каква била точната состојба на вагоните, ниту колку патници се наоѓале во возот во моментот на инцидентот.

Патниците биле пренасочени со алтернативен превоз приближно еден час по запирањето, а добиле и упатства за поднесување барање за обештетување.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран