Во Општата болница со проширена дејност – Кочани денеска официјално започна реконструкцијата на Одделот за физикална терапија. За време на градежните активности, пациентите кои имаат потреба од терапија ќе бидат префрлени на две локации – Пониква и Одделението за хирургија.
Моментално, услугите од физикална терапија ги користат 45 пациенти, при што најголем дел од нив имаат изгореници на горните екстремитети. Болницата, покрај пациентите од Кочани, згрижува и лица од Штип.
Директорката на установата, д-р Мирчовска, информираше дека здравствената состојба на пациентите е стабилна и дека нивното опоравување напредува секојдневно. Таа најави и нови донации за болницата во претстојниот период, како и зголемување на медицинскиот персонал согласно со зголемените потреби на установата.