УТРО.мк

Полицијата уапси возач од Крушево, управувал возило со повеќе од 2 промили алкохол во крвта

Полицијата уапси возач од Крушево, управувал возило со повеќе од 2 промили алкохол во крвта
Vero

На 13.06.2025 година во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.К.(67) од Крушево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничкото возило „Застава“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.К. и по преземени мерки констатирано е дека тој бил под дејство на алкохол, односно дека имал 2,09 промили алкохол во крвта.

Н.К. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран