
Поради планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, утре (6 август) без струја ќе останат делови од општина Желино.
Според најавата, од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат населените места Требош, Палатица и Озормиште, како и објектите што се наоѓаат покрај Стариот скопски пат и т.н. Требошки пат.
Дополнително, од 09:00 до 13:15 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе има и во дел од село Желино, село Сараќино и индустриските објекти што се наоѓаат во тој дел.
Надлежните апелираат граѓаните и компаниите навреме да ги планираат своите активности за време на планираните прекини.

















