УТРО.мк

Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна и на македонски јазик

Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна и на македонски јазик
Vero

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик.

Иницијативата се темели на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, кој ги гарантира правата на националните малцинства, вклучително и правото на употреба на нивниот јазик во комуникацијата со органите на локалната самоуправа во средините каде што тие традиционално живеат.

Од Македонското друштво “Илинден“–Тирана истакнуваат дека овозможувањето на официјалната веб-страница на Општина Пустец и на македонски јазик ќе претставува важен чекор кон практична примена на правата на македонското национално малцинство, ќе го подобри пристапот на граѓаните до јавните информации и ќе ја унапреди комуникацијата со локалните институции.

Според здружението, оваа иницијатива ќе придонесе за поголема институционална транспарентност, почитување на јазичната и културната разновидност и доследно спроведување на националните и меѓународните стандарди за заштита на правата на националните малцинства.

Барањето е доставено и до Комесарот за заштита од дискриминација, како и до Народниот правобранител на Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“–Тирана изразува уверување дека надлежните институции ќе го разгледаат барањето со должно внимание и ќе преземат конкретни чекори за официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна и на македонски јазик, во согласност со законските обврски и принципите на еднаквост и недискриминација.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin