УТРО.мк

Дунав пресушува: Нискиот водостој го запре товарниот транспорт во Австрија

Дунав пресушува: Нискиот водостој го запре товарниот транспорт во Австрија
Vero

Товарниот речен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно прекинат поради исклучително нискиот водостој на реката, соопшти австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура.

„Товарната пловидба практично е прекината, додека сообраќајот на речните крстаречки бродови е значително ограничен“, се наведува во соопштението на Министерството.

Причина за состојбата е екстремно ниското ниво на водата, кое на делови од Дунав без хидротехнички објекти изнесува околу 60 сантиметри, што е под повеќегодишниот просек за периоди на низок водостој.

Во долината Вахау во Долна Австрија, длабочината на пловниот канал во моментов е околу два метри, додека источно од Виена пловната траса има длабочина од околу 1,8 метри.

Австриските власти предупредуваат дека моменталната состојба е споредлива со претходните години со екстремно ниски водостои, како 2003 и 2018 година.

Последиците веќе се чувствуваат во транспортниот сектор. Обемот на превоз на стоки на австрискиот дел од Дунав е намален за 25,1 отсто – од 9,6 милиони тони на 7,2 милиони тони, а дополнителен пад се очекува поради продолжената суша.

Иако реката официјално не е затворена за пловидба, надлежните препорачуваат значително намалување на товарниот сообраќај и посочуваат дека во овој период железничкиот и патниот транспорт можат да бидат поекономични алтернативи.

Дунав е една од најважните европски транспортни артерии, со сливно подрачје од околу 800.000 квадратни километри, кое се протега од Шварцвалд до Црното Море. Нискиот водостој претставува сериозен предизвик не само за Австрија, туку и за повеќе земји низ Европа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin