
Дванаесетгодишно момче од Мароко, расплакано и со молби упатени кон шпанските војници, стана еден од најпотресните симболи на мигрантската криза што ја зафати шпанската енклава Сеута.
¿Por qué el pueblo marroquí permite esto? ¿Porque dejarse gobernar por un régimen autoritario? ¿Por qué no escandalizarse ante estas imágenes y levantarse contra un sátrapa que vive a todo lujo mientras su pueblo vive en la miseria?pic.twitter.com/EglQ9SyG7r— Taleb Alisalem (@TalebSahara)August 4, 2026
„Ве молам, чичко, ќе ви ја бакнам главата, немојте да ме враќате“, им рекло момчето на шпанските војници додека се соочувало со можноста да биде вратено назад во Мароко.
Случајот се случил по последниот голем прилив на мигранти во Сеута, каде речиси една недела по масовните преминувања на границата останале околу 1.000 малолетници без придружба на родители или старатели.
Според информациите, еден шпански воен офицер го запрел враќањето на детето откако тоа почнало да плаче и да моли да не биде депортирано. На местото биле присутни и жители и новинарски екипи.
Шпанската влада најави дека ќе одвои 25 милиони евра за згрижување на малолетниците во Сеута, додека локалните капацитети за прием се целосно исполнети. Прифатниот центар, кој има капацитет за околу 600 лица, веќе нема слободни места, а дел од мигрантите се принудени да престојуваат на плажи и околните ридови.
Меѓу возрасните мигранти кои останале во енклавата има лица од Судан, Појасот Газа, Авганистан и други африкански земји. Новинарските екипи известуваат и за проблеми со недостиг на храна и основни услови за престој.
Поголемиот дел од мигрантите кои минатата недела ја преминале границата меѓу Мароко и Сеута веќе се вратени, но малолетниците без придружба остануваат една од најранливите групи погодени од кризата.

















