УТРО.мк

Нов сомнителен случај на западнонилска треска: Седум пациенти се под надзор, тројца се во критична состојба

Нов сомнителен случај на западнонилска треска: Седум пациенти се под надзор, тројца се во критична состојба
Vero

Уште едно лице на возраст од 76 години е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести со сомнение за западнонилска треска, откако кај него е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија за вирусот Западен Нил.

Со новиот случај, вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, додека кај 10 лица е потврдено присуството на западнонилска треска. Сите пациенти се од Скопје.

Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, информираше дека тројца пациенти и понатаму се во критична состојба и се лекуваат на Одделот за интензивна нега, каде се поставени на механичка вентилација. Засега, кај нив нема подобрување на здравствената состојба.

За да се потврди невроинвазивната форма на болеста кај седмиот сомнителен случај, потребни се дополнителни испитувања на цереброспиналната течност, објасни д-р Цана.

Тој посочи дека најголем ризик од потешка форма на болеста имаат повозрасните лица, лицата со хронични заболувања и оние со ослабен имунитет.

„Инкубацијата на болеста трае до 14 дена, а не може однапред да се предвиди како ќе се развива кај секој пациент“, изјави д-р Цана.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin