УТРО.мк

По Илинден следуваат нови продолжени викенди: Еве кога се следните неработни денови

По Илинден следуваат нови продолжени викенди: Еве кога се следните неработни денови
Vero

По продолжениот викенд по повод Денот на Републиката – Илинден, граѓаните веќе можат да ги испланираат следните слободни денови. До крајот на годината календарот носи уште неколку неработни денови, а дел од нив се паѓаат во петок или понеделник, што овозможува продолжени викенди.

Првата можност за тридневен одмор е на 28 август, кога православните верници го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Бидејќи годинава празникот се паѓа во петок, следува продолжен викенд за граѓаните од православна вероисповед.

До крајот на годината за сите граѓани на Македонија следуваат и неколку државни празници:

  • 8 септември (вторник)– Ден на независноста,
  • 12 октомври (понеделник)– неработен ден по повод Денот на народното востание, бидејќи 11 Октомври се паѓа во недела,
  • 23 октомври (петок)– Ден на македонската револуционерна борба, што носи уште еден продолжен викенд,
  • 8 декември (вторник)– Св. Климент Охридски.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни денови до крајот на годината се и 1 ноември – Празникот на сите светци и 25 декември (петок) – Божиќ, што исто така овозможува продолжен викенд.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin