УТРО.мк

Николоски од Ново Село: Продолжуваме со проекти што носат развој и подобар живот за граѓаните

Николоски од Ново Село: Продолжуваме со проекти што носат развој и подобар живот за граѓаните
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора.

Тој информираше дека вечерва, на покана на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село, присуствувал на средба со членови, симпатизери и иселеници од регионот.

„Имавме прекрасен настан, полн со позитивна енергија и патриотизам. Се сретнавме со нашинците од дијаспората и сите оние симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ со кои изминатите години заедно работевме на подобрување на животот во Македонија“, истакна Николоски.

Тој нагласи дека токму по барање на македонската дијаспора е воспоставена директната авиолинија Женева – Скопје, која, како што рече, ќе овозможи полесно и почесто враќање на иселениците во татковината.

Воедно, Николоски најави дека се работи и на проект за изградба на експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село, оценувајќи дека станува збор за важен инфраструктурен зафат кој ќе придонесе за подобра поврзаност и развој на југоисточниот регион.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, обединета и силна“, порача Николоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin