УТРО.мк

ВЛЕН: Охридскиот договор не е сопственост на ДУИ, Законот за правична застапеност не смее да биде блокиран

ВЛЕН: Охридскиот договор не е сопственост на ДУИ, Законот за правична застапеност не смее да биде блокиран
Vero

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна застапеност.

Според ВЛЕН, ДУИ во изминатите 22 години имала доволно политичка моќ да го донесе овој закон, но, како што тврдат, тоа намерно не било направено.

„За 22 години ДУИ ги имаше сите можности да го усвои законот, но не го направи тоа. Наместо правичното застапување да биде законски загарантирано право, вработувањата се користеа како средство за партиско влијание“, наведуваат од ВЛЕН.

Од коалицијата додаваат дека сега, кога Законот за правична и соодветна застапеност е ставен на маса, ДУИ се обидува да го блокира неговото усвојување, користејќи го Бадентеровиот механизам за партиски цели.

„Не ги интересира што добиваат Албанците, туку единствено ВЛЕН да не постигне политички успех“, се наведува во реакцијата.

Во соопштението се истакнува дека Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ниту една политичка партија, ниту, како што велат, „наследство на функционерите од Мала Речица“, туку резултат на жртвата и напорите на целиот народ.

Од ВЛЕН порачуваат дека правичната застапеност е право на граѓаните и обврска на државата, а не партиска привилегија, додавајќи дека Законот треба да биде донесен без политички уцени и блокади.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin