УТРО.мк

Цела Македонија под портокалов аларм поради екстремни горештини, надлежните со важни препораки

Цела Македонија под портокалов аларм поради екстремни горештини, надлежните со важни препораки
Vero

Македонија денес е зафатена од силен топлотен бран, поради што целата територија на државата е ставена во портокалова фаза на предупредување за високи температури.

Според најновите метеоролошки податоци, екстремно високите температури се очекува да го погодат целиот регион, а слична состојба има и во соседните земји. Црна Гора и Косово исто така се под портокалов аларм, додека во делови од Србија е активирано црвено предупредување – највисоко ниво на опасност поради жештините.

Поради ризиците што ги носат високите температури, здравствените власти апелираат граѓаните строго да ги почитуваат препораките за заштита.

Се препорачува бремените жени и лицата постари од 60 години да бидат ослободени од работни обврски, а работодавците да го приспособат работното време за вработените кои работат на отворено, со цел да се избегне изложеност на сонце во периодот од 11 до 17 часот.

Надлежните советуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на директно сонце, особено во најтоплиот дел од денот, да внесуваат доволно течности, пред сè вода, и да избегнуваат алкохолни и засладени пијалаци. Исто така, се препорачува лесна исхрана и избегнување интензивна физичка активност.

Дополнително, поради високите температури е зголемен и ризикот од појава на шумски пожари, па се апелира на максимална претпазливост и избегнување палење оган на отворен простор.

Здравствените институции потсетуваат дека лицата со хронични заболувања треба редовно да ја земаат пропишаната терапија, а при појава на симптоми на топлотна исцрпеност или топлотен удар веднаш да побараат медицинска помош.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin