
Таксист од околината на Тетово е осомничен дека се однесувал несоодветно кон две млади девојки, откако не ги однел до побараната дестинација и ја променил рутата, пренесува ТВ21.
Како што соопштија од СВР Тетово, на 4 август околу 16:30 часот во Полициската станица Теарце било пријавено дека 20-годишна девојка од селото Пршовце и нејзината 16-годишна другарка, за време на возење со такси, се соочиле со несоодветно однесување од страна на возачот.
Според пријавата, возачот не го запрел возилото и не ги однел на бараната локација, по што девојките успеале да излезат од возилото додека било во движење и побарале помош.
Од полицијата информираат дека со таксистот бил извршен информативен разговор.
За случајот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјални работи во Тетово, а се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.
НАПОМЕНА: Фотографијата е илустрација, генерирана со помош на вештачка интелигенција

















