УТРО.мк

Општина Битола: Градот добива нови паркинг места, заврши асфалтирањето кај поранешната касарна

Општина Битола: Градот добива нови паркинг места, заврши асфалтирањето кај поранешната касарна
Vero

Општина Битола продолжува со реализација на проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура и обезбедување нови паркинг места за граѓаните.

Денеска беше извршено асфалтирање на новиот паркинг простор во поранешната касарна, на локацијата СТУ9 АРМ Четврт 3. Новиот паркинг зафаќа површина од 1.550 квадратни метри и ќе обезбеди дополнителни места за паркирање во овој дел од градот.

Проектот, реализиран преку вториот владин повик на Министерството за транспорт, опфаќа изградба на коловоз, атмосферска канализација, сообраќајно уредување и поставување осветлување.

Вкупната вредност на договорот изнесува 6.256.014,18 денари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin