УТРО.мк

(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка: Масовна тепачка на улица во Гостивар

(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка: Масовна тепачка на улица во Гостивар
Vero

На социјалните мрежи се појави вознемирувачка видеоснимка од Гостивар, на која е прикажана жестока физичка пресметка меѓу поголема група млади лица.

Според информациите што се објавени, за време на тепачката едно од момчињата било удрено во пределот на главата, по што паднало на земја и останало неподвижно.

И покрај тоа што лежело на улицата, на снимката се гледа дека нападот продолжил со повеќе удари кон неговото тело, што предизвика бурни реакции и осуди на социјалните мрежи.

Засега не се познати околностите што довеле до инцидентот, ниту состојбата на повреденото лице.

Повеќе информации за случајот се очекуваат од Министерството за внатрешни работи, кое треба да утврди како дошло до инцидентот и дали против инволвираните лица ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin