
Доколку сте жена која сака активно да придонесе во процесите на праведна транзиција и одржлив локален развој, ова е можност за Вас. Во рамки на проектот „Women-Led Coal Transitions (WOLCOT)“, „@Center for Research and Policy Making Консалтинг“, во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и со поддршка на Климатските инвестициски фондови (CIF), објавува јавен повик за учество во Школата за јавни политики „Мајка Тереза“ – Жени лидери за праведна транзиција. Програмата е наменета за жени кои сакаат да ги развијат своите лидерски капацитети, да се вклучат во процесите на креирање јавни политики и да придонесат кон праведна, инклузивна и одржлива енергетска транзиција во своите заедници.

















