
Тетово, 23 јули – Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, утре, петок 24.07.2026 година, без електрична енергија ќе останат дел од Тетово и селата Џепчиште и Палатица.
Според известувањето од ЕВН Македонија:
1. С. ЏЕПЧИШТЕ – од 09:00 до 14:00 часот
Без струја ќе биде дел од с. Цепчиште до млекара Алпи.
2. ТЕТОВО – од 09:00 до 14:00 часот
Без струја ќе биде дел од ул. 146.
3. С. ПАЛАТИЦА – од 09:30 до 14:00 часот
Без струја ќе биде дел од с. Палатица.

















